Свети апостол Тимотеј - за многу години
Денеска е Св. апостол Тимотеј.
Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во средните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа