Костов: СЈО и Јанева не знаат да се постават кон јавноста и кон фелата

Аналитичарот правник и поранешен јавен обвинител Сотир Костов во синоќешното гостувањето во ТВ Нова истакна дека Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева незнаат да се постават кон јавноста, кон фелата.

-Отворија фронт со државното обвинителство, како тргнало ќе отворат фронт и со судството. Треба да се каже дека јавен обвинител кој сериозно работи, кој  е стручен, си ја знае струката не може да дава изјави додека не спакува еден предмет, аргументи, докази, факти, одам на суд. Тоа е првата фаза кога може нешто да каже. Ги гледаме филмовите од Запад, не случајно е немам коментар. Што да коментира, а сега се случило кривичното дело. Ние сме соочени со состојба кога не знаеме ни дали се случиле кривични дела. Некои две личности си правеле муабет на телефон, сега за сега се единствени таканаречени докази и слушаме последните денови е актуелно некој некого гони да дава изјави и се прави циркус од поимот заштитен сведок, вели Костов.

Тој прашува зошто јавноста дознала дека наводно има 150 пријавени заштитни сведоци, информација кажана од Јанева.

-Тоа во никој случај не смее да се дознае. Заштитен сведок треба да биде заштитен во секој поглед, тој не постои додека не биде ставен во систем. Не е фер кон тие луѓе, треба никој да не дознае, да се сработи работата, да нема притисок врз таа личност, да биде сослушана се знае со камера, да се види дека нема присила, присуство или не на адвокат, зависно како личноста ќе сака. И кога некој нешто ќе каже нешто спротивно на тоа што го кажала личноста му се покажува снимка дека тоа е направено во најдобра постапка, додава Костов.

Екс јавниот обвинител во однос на отстранувањето на двете обвинителки од тимот на Јанева, смета дека специјалката обвинителка на јавноста не и ја кажала вистинската причина за ваквата постапка

Тој додава дека СЈО и Јанева добиле финансиски средства, вработувања, простории, но не му е јасно како може Шилегов да им е портпарол и да кажува дека сефот бил со волкав волумен, а не бил со голем.

-Затоа Катица треба да си излезе, таа треба да и каже на јавноста и да ја замолчи јавноста во оваа фаза, смета Костов.
 

 
 
04.02.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега