Ако патувате обавезно прочитајте - состојба на патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози,освен на осојничавите места.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: 

Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Ресен-Буково.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 
 
08.02.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега