МВР откри кој му се заканувал на Дамјановски

Денеска и МВР излезе со реакција за заканите по живот кои ги добивал членот на Комисијата за верификација на фактите, Чедомир Дамјановски.

- Факт е дека членот на Комисијата за лустрација на 04.06.2013 година во полиција пријави кривично дело „Изнуда“, посочувајќи дека непознато лице му се јавило по телефон и му побарало 10.000 евра, заканувајќи му се во случај парите да не бидат исплатени. Во записникот потпишан од пријавителот не се наведуваат мотивите за ваквото барање или какви било нерасчистени должничко доверителски односи кои ги имал кон некое лице. Веднаш по добивањето на пријавата, полицијата започна да постапува. Набргу беше утврден идентитетот на осомничениот, а кон крај на минатата недела истиот беше обезбеден и повикан на службен разговор. Во разговорот, иако осомничениот потврди дека телефонот бил негов, посочи дека во спорното време, наводно го дал на две непознати лица кои се затекнале во спортската обложувалница во која што се наоѓал во моментот, велат од МВР.

Се работи за 56-годишен скопјанец кој и е од претходно познат на полицијата.

најчитано сега