Поволностите од проектот „Купи куќа за млади“ презентирани во Охрид и Струга

 

Стручни тимови на Министерството за финансии синоќа пред граѓаните на Охрид ги презентираа поволностите што им се нудат преку проектот „Купи куќа за млади“.

На средбата беа презентирани условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви. Презентацијата беше можност граѓаните да се запознаат и за понудата на локации за таа намена во Охрид, оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена или што ќе ги понуди во блиска иднина.

Како што појасни секретарот на општина Охрид, Димитар Спасовски, преку остварените контакти со граѓаните во однос урбанистичко планската-документација за остварување на правата што им се нудат преку овој проект, заинтересираните граѓани можат да се поместат во три категории.

Првата група се граѓани кои имаат сопствен дом односно оние кои имаат можност за доградба, потоа групата граѓани кои поседуваат сопствено земјиште односно се заинтересирани за градба на свои парцели, како и третата група кои сакаат да ги искористат поволностите преку купување државно земјиште.

Со оглед на тоа што општина Охрид нема доволно атрактивно државно земјиште во своја сопственост, но за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, локалната самоуправа преку Министерството за транспорт и врски ќе понуди три опфати што би биле интересни за граѓаните за градба.

Спасовски рече дека првиот опфат е на површина од 15 хектари приватно земјиште во населбата „Радојца Новичиќ“ каде е планирана градба на типска населба со стотина плацеви за куќи понудени на продажба, потоа месноста „Вишо“ во атарот на село Долно Лакочереј со поглед на Охридското Езеро што дава дополнителна атрактивност.

- Таму земјиштето е во мешана сопственост, односно 60-тина плацеви во државна сопственост и повеќе плацеви приватна сопственост, што би можеле да бидат продадени на заинтересирани лица. Третиот опфат е во рурална средина во атарот на село Сирула, земјиште во државна сопственост, каде после изработувањето на урбанистичката документација граѓаните ќе можат да купат плацеви со почетна цена од едно евро за метар квадратен, истакна Спасовски.

Во трите опфати комплетната инфраструктура потребна за градба ќе ја покрие Владата со свои средства, и на тој начин ќе помогне на општината за реализација на проектот „Купи куќа за млади“.

Инаку, според информациите од општина Охрид, градоначалникот веќе има издадено налог до Секторот за урбанизам за отпочнување подготовки за изработување на најниските урбанистички акти за урбанистичко планирање со оглед на тоа што поголемиот дел од општина Охрид отпаѓа на селски населби.

- Тоа подразбира изработка на општи акти за село, со што спогласно законската регулатива ќе им овозможи на граѓаните да остварат право на градба на семејни објекти за домуување. Општиот акт за селата Љубаништа и Велгошти се веќе во завршна фаза и наскоро ќе бидат испратени за согласност до Минситерството за транспорт и врскии, а се работат документите за селата и населените места Елшани, Коњско, Долно Лакочереј и Лескоец, посочи Спасовски.

Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ се одржа и пред граѓаните на општина Струга.

Проектот „Купи куќа за млади“ предвидува субвенционирање кредит за изградба на куќа, со што исплаќа 80 отсто од ратата осум години и 50 отсто од ратата следните три години, или субвенционира 100 отсто од учеството. Условите за добивање субвенција од државата преку проектот се генерално исти како за проектот „Купи куќа, купи стан“, освен првичниот критериум за возраста на лицето што ќе го земе кредитот, најмногу до 35 години. Воедно, барателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит.

Ако корисникот е поединец, за да користи субвенција треба да е на возраст до 35 години и да има месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници, тогаш барем едниот од нив треба да биде на возраст до 35 години и вкупниот приход да им биде до 1.300 евра.

Проектот се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба

 
 
25.02.2016 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега