Еве колкава била просечната нето плата во декември

 

Просечната месечна нето плата по вработен во Македонија во декември 2015 година изнесувала 22.715 денари и бележи раст од 1,4 отсто во однос на декември претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности  за 11,00 отсто, Уметност, забава и рекреација  за 6,1 отсти и Информации и комуникации за 5,8 отсто.

Зголемување на просечната нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 18,8 отсто, Информации и комуникации за 9,9 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2015 изнесувала 33.299 денари и бележи раст од 1,7 отсто. 

Во декември 2015 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

 
 
25.02.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега