Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово - се судрија автобус и автомобил

Вчера  во 13.30 часот на регионалниот пат с.Јажинце-Тетово, кај бензиска во село Јажинце, се случила сообраќајна незгода помеѓу Автобус  „Мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(47) од село Јажинце и трактор „Урусус 360“ со приколка, нерегистриран, управуван од С.А.(21) од село Нераште. Во незгодата со тешки телесни повреди, скршеници на десната рака, се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен во Клиничка болница-Тетово и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, а додека со ТП се здобиле возачот од автобусот и сопатник од автобусот Р.С.(56) од с.Јажинце, кои биле пренесени во Клиничка болница–Тетово и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

 
 
06.03.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега