Температурниот шок го направи своето: За што се жалат Македонците?

На телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) во изминатата недела се регистрирани 1.113 повици. Медицински совет од отворањето на линијата на 15 септември 2014 година досега добиле80.478, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.за медицински совет се достапни 25 доктори.

Од Здравствен дом Скопје информираат дека повиците  се  од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто  за  покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура  и совети поврзани со хронични болести.

На сите лица кои  побараале медицински совет  на телефонската линија  „Ало докторе“  им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија, се вели во соопштението.

 
 
07.03.2016 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега