Се отвараат нови училишта во Тетово

 Во средното општинско економско училиште „8 Септември“ во општина Тетово денеска беше пуштена во употреба нова училишна спортска сала со површина од 1300 метри квадратни, за која МОН инвестираше околу 40 милиони денари. Салата е опремена со реквизити за фудбал, одбојка, ракомет, кошарка, гимнастика. 

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на свеченото отворање на салата истакна дека учениците ќе можат да ги совладуваат основните елеметни на спортот, но дека салата ќе им биде достапна и на сите заинтересирани граѓани во слободното време.

Адеми истакна дека Министерството во Тетово досега има инвестирано во 11 објекти, во вредност од 2.200.000  евра.

- Инвестициите во образованието не запираат откако ќе се изгради ново училиште, не завршуваат со реконструкција на училишна зграда. Инвестирањето во образованието значи и постојано надградување на наставниците, следење на светските трендови, како и новно имплементирање во македонскиот образовен систем. Затоа, приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Македонија останува инвестирањето во образованието, додаде  Адеми. 

 

 

 

 
 
07.03.2016 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега