Груевски: Не ни се потребни празни дебати - туку реални дела

Вредноста во политиката не треба да биде она што политичарите ќе го кажат, туку тоа што ќе го направат. Минатиот труд на секој политичар се мерки низ проектите и делата кој ги направил, а не по тоа колку омраза и деструкција посеал зад себе. Нам не ни се потребни празни дебати, туку реални дела, зошто на крајот важно е колку добро сте направиле за народот, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Промовирајќи нови шест мерки наменети за младите, Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ целата своја енергија ја насочува кон работа, дела и нови проекти со кои ќе им се подобри животот на граѓаните.

- Работата и проектите се нашиот приоритет и колку и да се обидуваат да не навлечат нашите политички противници на други теми, конструкции и манипулации, народот знае дека проектите и работата едноставно го прават нивниот живот подобар и перспективен. Деструкцијата каква ја применува опозицијата, на граѓанинот не му ги решава проблемите. Ниту оние несреќни епизоди какви гледаме во последно време кои се кршат на грбот на граѓаните и одредени политичари водат кампања која предвреме ја започнаа, рече Груевски.

Тој, како што посочи, одбива да влегува во игрите на манипулации и деструкција. - Јас одбивам да се натпреварувам во рушење, деструкција и конструкции. Тоа е терен кој не го познавам, ниту прифаќам, а очигледно има такви кои наместо искрена работа, теренот на манипулации најдобро го владеат. Со вакви работи, со разни чаушовци, местенки и фабрикувања нема да добијат избори. Народот ги има прочитано и знам дека ќе одбере програма и нови работни места наспроти деструкцијата која СДСМ ја нуди, нагласи Груевски.

Тој додаде дека она кон што ВМРО-ДПМНЕ е фокусирано е развојот на економијата, новите работни места и подобриот животен стандард на граѓаните.

- Нашата сила е во нашиот народ кој е мудар, кој знае многу добро што се случува, кој и за што работи, се бори и кој силно и громогласно ќе одговори на изборите на 5 јуни. Таа сила не бодри да направиме уште многу повеќе затоа што нашата победа на 5 јуни ќе биде огромна победа на народот и вистината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред младите во спортската сала „Борис Трајковски“. 

 
 
08.03.2016 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега