Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го прослави 8-ми Март

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер во Дом на АРМ одржа настан со кој го одбележа 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената.

Пред присутните жени се обрати претседателката на Унијата на жени -Даниела Рангелова, која врачи неколку признанија.

Признанија добија: Даниела Димитриевска – Директор на Македонското женско лоби, Весела Богдановиќ – истакнат просветен работник, Есма Реџепова Теодосиевска – истакнат естраден уметник, Славица Цветковска – истакнат земјоделец, Душица Алексова – истакнат професионален војник.

IMG_3801

Во забавниот дел на настанот учествуваа Ансамбл Македонија, Есма Реџепова Теодосиева и Наум Петрески, а за значењето на Македонската жена во историјата говореше Валентина Божиновска.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ им го честита 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол во Република Македонија.

 
 
08.03.2016 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега