Велосипедист почина на лице место по сообраќајка во Скопје

 

Седумдесет годишниот Руфки Н. го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила во скопско Ченто.

Несреќата, информираат од полицијата, се случила на крстосницата со улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Антон Попов“ и во истата учествувале  20 годишниот Н.Р. управувајќи „Мерцедес“ и велосипедистот.

Руфки бил пренесен во поликлиникта во Ченто каде лекар можел само да ја констатира смртта.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 
 
06.04.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега