Струмичанец се обидел да краде во куќата на својот чичко
СВР Струмица поднесе кривична пријава против единаесетгодишник од с.Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Пријавениот во куќа на неговиот чичко во с.Просениково, кој е на привремена работа во Германија, насилно влегол и извршил претурање, но не одземал ништо.
Подоцна и кажал на неговата мајка дека кај чичко му на катот има вклучено светилка, по што истата пријавила во СВР Струмица.
Од страна на СВР Струмица било утврдено дека малолетникот бил забележен на терасата во времето на извршувањето на кривичното дело.
06.04.2016 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа