Телефонски разговор на Заев со Могерини

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и го повторил ставот на партијата дека рамката дефинирана со договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава,  се вели во соопштението од  СДСМ.

- На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби, се додава во соопштението.

На оваа тема, како што информираат од СДСМ, ќе се дебатира и на денешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список. 

 
 
08.04.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега