Дали СДСМ ќе ги бојкотира изборите?

Никој во СДСМ со сигурност не може да каже дека партијата ќе ги бојкотира изборите. Партиски извори за Press24 велат дека лидерот Заев остава простор да се појави на изборите доколку не се реализираат плановите за „улична демократија“ и протести.

Извори од Бихаќка велат дека СДСМ ќе тактизира се до полседниот можен датум а тоа е датумот за поднесување на кандидатските листи кој би требало да биде на почетокот на мај. Спроед нив, до тогаш никој не може да каже дали СДСМ ќе остане на одлуката на бојкот, без разлика дали во меѓувреме ќе има повлекување на кадрите во ДИК.

Заев веќе најави дека министрите на СДСМ секојдневно ќе си одат на работа, а на прес конфернецијата одржана веднаш по распуштањето на Собранието рече дека распишувањето на изборите на 15 април остава простор за СДСМ да се врати во изборниот процес.
Сличен став Заев имаше и на вчерашната прес конференција

„Тоа е целосно право на господинот Трајко Вељановски како претседател на Собранието  на Република Македонија и не е нешто ново , тој тоа го најави пред неколку дена.Секако уставот и законот му го даваат тоа право.  Јас една работа само ќе потенцирам. Знам дека роковите се врзани согласно таа одлука за завршување на конечниот избирачки список. Согласно член 43 став 3 од Изборниот законик тоа значи ден после распишувањето на изборите МВР и другите институции се должни да достават конечен, прочистен избирачки список, но истовремено роковите се врзани од почнувањето на течење на роковите за јавен  увид. Така да, просторот за маневри е некаде пред 16-ти април.  Негово е правото, а истовремено потенцирам и дека секој важен момент којшто ќе помогне кон прочистување на избирачкиот список , а тоа е значаен минимум услов за фер и демократски избори е во полза. Така да, немаме некој контра коментар или коментар за подршка за оваа работа.“ – изјави Заев

Голем број политички аналитичари очекуваат притисокот на меѓународниот фактор во периодот кој следи да биде насочен кон Бихаќка бидејќи е повеќе од јасно, дека опозицијата остана без ниту еден аргумент за бојкот на изборите.

Историја на бојкот и повлекување

СДСМ во својот политичка биографија има серија политики на бојкот и блокада на институциите но и ситуации на повлекување од ваквите одлуки. Последно беше повлекување од бојкотот на изборите во 2013 година, во кое главната улога покрај Стевчо Јакимовски ја имаше токму Зоран Заев.

Кој гарантира дека СДСМ нема да оди на избори? Полека, и не брзајте со заклучоците. Можеби повторно ќе се јави некој Стевчо, и ќе оди на избори! Во исто време, Заев треба да им објасни на партиските колеги како тоа вршеше притисок и го кршеше партискиот став 2013-та година да не се оди на Локални избори наспроти ставот на СДСМ за бојкот на локалните избори. Кога се работеше за негови локални избори, тогаш партиската одлука за бојкот не му беше по воља, и кога јас одлучив да одам на избори ми праќаше пораки во кои што меѓу другото ми велеше дека се гордее што има храбар партиски другар како мене. Тогаш Јани Макрадули, Андреј Петров, Бранко Црвенковски, Шеќеринска, беа против нас и против одењето на локални избори, ама тој, јас и Зоран Дамјановски – Циц бевме за. Јас таа битка ја водев почесно од нив. Тие се обидоа да прават алтернативни листи и да протуркаат алтернативни градоначалници, јас не. Трпев до последните четири часа и ги почитував партиските ставови. Најголем притисок врз Циц во Куманово да оди на избори, односно, да дадат алтернативен градоначалник и листа за советници беше Оливер Спасовски, денешниот технички министер за внатрешни работи. За тоа имам и сведоци. Сакате јавни, или заштитени? Како милувате. Ако евентуално им требаат за нивниот партиски суд. Таа структура на СДСМ – Бранковситите тоа не му го забораваат на Заев. Сега ќе му вратат’ – пишува лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Цврста рака на Заев во СДСМ – сателитите онеспособени

Луѓето кои добро ги познаваат состојбите во СДСМ велат дека актуелното раководство и луѓето кои се дел од партиските структури важат за кадри лојални на Заев, па не се очекува некој од нив да ја одигра улогата на Стевчо Јакимовски од 2013 година . Преземањето на СДСМ од страна на Заев дојде во пакет со серија инсталации на кадри блиски до струмичкиот градоначлник и комплетно рекомпонирање на Конгресот на СДСМ, па оттука, позицијата на Заев што се однесува на удари од самиот партиски врв е прилично стабилна. Слична и ситуацијата со коалиционите партнери. Меѓу оние неколку партии кои се дел од Здружената опозиција едниствено каква таква партиска структура имаат НСДП и ЛДП, но и двете партии, долгогодишната коалиција со СДСМ ги направи непрепознатливи на политичката сцена, па излегувањето од неа за нив би било еднакво на политичко самоубиство. Оттука, не се очекува ниту Петковски ниту Милевски да му го свртат грбот на Заев бидејќи сами на избори овие кадри немаат апсолутно некакви шанси.

Фракционерството како опција

 

 Но никој на Бихаќка не може да биде сигурен дека нема да се формира фракција на поранешни високи функционери на СДСМ и како нов политички субјект да се појави на политичката сцена. Дел од луѓето, особено оние од поранешното раководство не го кријат револтот од начинот на кој Заев ја води партијата, па останува можноста некој од нив да да се појави на гласачките ливчиња. Таквата ситуација би претставувала завршен удар за Заев и СДСМ и сигурен билет во еден правец кон политичката историја.

 
 
08.04.2016 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега