Никој нема да го моли Заев да учествува на изборите

Никој нема да го моли СДСМ да учествува на изборите на 5 јуни. Учеството во изборниот процес е право на секоја од партиите и таа сама може да одлучи дали ќе кандидра свои кадри или не. Политичките аналитичари децидни. Ако СДСМ сака, може да учествува на изборите. Доколку не сака, не мора.

„Како што активното  избирачко право односно правото некого да избереш е право, а не обврска, така и пасивното избирачко право, односно правото да се биде избран е право, а не обврска. Доколку условите се исполнети, а ние сме сведоци дека се, тоа го потврдуваат и меѓународната заедница, еве и ОБСЕ и ОДИХР се подготвуват за изборите, пречистувањето на избирачкиот список е при крај, што значи дека ги имаме сите услови за одржување на изборите, значи, ако сака СДСМ може да учествува на изборите, доколку не сака, не мора.“ – вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера на прес конференција потенцираше дека изборите на 5 јуни ќе се одржат без разлика дали на нив ќе учествува СДСМ

Услови за избори има и избори ќе се одржат. Секој може да учествува на тие избори или да не учествува, и тоа е слобода, односно и негласањето или неучествувањето на избори е одлука и еден вид учество во демократија. Така функционира демократијата. Мнозинството одлучува.“ – рече Груевски.

Од големите политички партии, учеството на изборите го потврди и владејчката ДУИ, а се очекува на изборите да се придружи и ДПА. Бројкот најавија мали политички партии од редот на Демократскиот сојуз, ДОМ, Левица, Унитети, кои заедно немаат некоја сериозна позиција на политичката сцена.

 

 
 
08.04.2016 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега