АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 39,2% - СДСМ 14,9%
39,2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од најновото истражување на Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведено помеѓу 30 Март и 2 Април 2016 година по пат на телефонска анкета на 1275 испитаници со цел да ги дознае ставовите на граѓаните за повеќе актуелни прашања во политичкиот живот во Република Македонија.
-Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на населението како пол и возраст, како и рурални и урбани места на живеење. Бидејќи целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Другите помали етникуми беа дел од анкетата, се ели во соопштението од Институтот.
За која партија би гласале на изборите на 5 Јуни
Проценти | ||
Ниту една | 15.5 | |
Некоја друга | 0.9 | |
Не знам | 29.5 | |
СДСМ | 14.9 | |
ВМРО-ДПМНЕ | 39.2 | |
Вкупно | 100 |
На кој од македонските политичари му верувате најмногу
Проценти | ||
ниту еден | 15.4 | |
некој друг | 4.2 | |
не знам | 27.4 | |
Зоран Заев | 7.3 | |
Никола Груевски | 39.5 | |
Стевчо Јакимовски | 2.2 | |
Радмила Шеќеринска | 0.4 | |
Бранко Црвенковски | 3.6 | |
Вкупно | 100 |
Со кое од понудените две тврдења би се согласиле повеќе | ||
Процент | ||
Катица Јанева работи независно и професионално | 20.4 | |
Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори со цел да и наштети на ВМРО-ДПМНЕ | 60.1 | |
Не знам | 19.5 | |
Вкупно | 100 |
Кое од следниве тврдења според вас е поточно | ||
Процент | ||
постојат многу гласачи „фантоми” на избирачкиот список со чија помош се нарушува изборниот процес и се местат изборите во корист на власта | 23.1 | |
Во македонија нема „фантоми” како што се виде и со проверката на списокот, туку тоа е само изговор за изборните порази на опозицијата | 61.2 | |
Не знам | 15.7 | |
Вкупно | 100 |
Што сметате дека е поверојатно да биде крајната цел на САД и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија | ||
Процент | ||
Демократизација и владеење на правото | 22.2 | |
Притисок за промена на уставното име | 63.8 | |
Не знам | 14 | |
Вкупно | 100 |
Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,4%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа