Даштевски: Ако не излезе на избори, СДСМ може да престане да постои

Бомбите кои ги пушташе опозицијата уништуваа човечки судбини, бракови, семејства, пријателства. Поентата беше политичка борба меѓу власта и опозицијата, а не да се дискредитираат одредени луѓе и сето тоа придонесе до падот на рејтингот на опозицијата, кажа во интервју за ТВ Нова аналитичарот Александар Даштевски.

„Сметам дека треба да излезе на избори и отсега па натаму да го смени својот начин на делување, односно кампања и да почне да се занимава со позитивни работи, со промоција на програмата, таа што ја има за средна клас. Да ја промовираат, да работат на терен. Сметам дека сепак ќе приберат некој позитивен поен и дека ќе имаат голем број на пратеници, во спротивно ѝ се заканува опасност од престанување на постоење на партија после изборите“, изјави Даштевски.

Според Даштевски, дури и да не дојде до промена на власта, опозицијата сепак предлага членови на ДИК и на други комисии, а народот бара опција која може да оди напред и да помага во развојот на државата.

 
 
10.04.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега