Даштевски: Можеше да се доведе во опасност безбедносниот систем на РМ

Опозицијата во овој момент има најголеми услови за избори. Списокот се прочистува, вложени се најголем број на средства, вели за ТВ Нова политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

„Евидентно е дека овие месеци ги злоупотребуваат тие услови затоа што видовме вчера, ние не знаевме колкав број на луѓе се сменети во МВР дури можел да се доведе во опасност целиот безбедносен систем на РМ бидејќи такви нагли измени не се препорачливи никаде, ни кај нас“, рече тој.

„Од друга страна исто така се случува и во другите министерства, не се понуди никаква програма, немаме никакви резултати, освен дека се закануваат со кривични пријави, прес конференции итн. Тоа не значи ништо. Граѓаните на РМ бараат да им се понуди нешто и тоа да е во нивни интерес и ќе гласаат за таа опција која ќе им го понуди тоа“, додаде Даштевски.

 
 
10.04.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега