Врие во ВМРО-ДПМНЕ - ослободувањето на Заев и Верушевски предизвика гнев во партијата

Зоран Заев е единствениот граѓанин во Република Македонија кој бил ослободен од кривична одговорност од двајца претседатели.

verusevski-zaev

Заев беше аболициран од Бранко Црвенсковски за криминал тежок 7 милиони евра, а сега Ѓорге Иванов ги прекина постапките за поткуп во случајот во кој Заев бараше по едно евра за црквата и по едно за брат му Вице, како и запирање на постапката во случајот „Пуч“.

Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека во Македонија законите важат за сите освен за аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од партијата бараат човекот кој станал синоним за криминалот и политичката деструкција конечно да одговара пред лицето на правдата.

Аболицијата дадена од Црвенковски очигледно не го вразумила Заев. Како што во повеќенаврати политичките аналитичари коментираа, анализирајќи ги постапкит на лидерот на СДСМ, тој само дополнително се мотивирал за поголема деструкција и поагресивно делување против државата, мислејќи за себе дека е неказнив.

 
 
12.04.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега