МВР со детали за синоќешните протести

МВР со детали за вчерашните протести по одлуката на престедателот Ѓорѓе Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство и  пред седиштето на политичката партија СДСМ на улицата „Павел Шатев“ почнале да се собираат граѓани на два најавени протести. Во 19 часот и 15 минути пред Собраниет се собрале околу 3.000 граѓани, а пред канцеларијата на Претседателот лоцирана на улицата „Димитрија Чуповски“ околу 2.000 граѓани. Дел од граѓаните собрани пред канцеларијата на Претседателот фрлале камења, јајца, како и чадни бомби кон објектот. Притоа биле оштетени неколку прозорски стакла. Во 19 часот и 40 минути дел од масата од пред канцеларијата на Претседателот се упатила пред Собранието. Околу 21 дел од масата која била пред канцеларијата на Претседателот, успеала насилно да влезе во просториите од каде што изнела дел од инвентарот и да го запали на улицата пред објектот. Дел од истата маса, на објектот на Министерството за Правда со тврди предмети ја оштетиле влезната врата и неколку прозори.

Нарушителит биле потиснати и одалечени од објектот, а 13 од нив се приведени.

 

Околу 21 часот и 30 минути насобраните граѓани од пред Собранието, Министерството за Правда, канцеларијата на Претседателот и улицата „Павел Шатев“ се разотишле. Сообраќајот во централното градско подрачје е нормализиран во 22.00 часот.

Во 23.00 часот во градската општа болница за укажување на лекарска помош е донесен еден од учесниците на протестите, како и еден новинар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и по целосно документирање на истиот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 
 
14.04.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега