Тешка кражба во Охрид

Тешка кражба  се случила вчера во Охрид. Околу  11.00 до 14.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во станот сопственост на С.Т. (53) од Охрид, а со живеалиште во Ресен на ул. „Корчуланска“. Како што информираат од полицијата во Охрид, сторителот насилно влегол внатре, извршил претурање и одзел разновиден златен накит по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
14.04.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега