Почина поранешен познат кошаркар на Работнички

 
Вчера (13.04.2016) во Скопје почина Тодор Тевчев(09.05.1948), кошаркарот што под водство на Лазар Лечиќ почна да ги пишува најубавите страници на Работнички, преставникот на Македонската кошарка во првенството на поранешната држава.
Заедно со Андоновски, Боцевски, Ѓорчевски, браќата Луковски, Георгиевски, Радосављевиќ, Тевчев ќе остане запаметен во аналите на нашиот спорт, а Македонската кошаркарска федерација во тажниот момент за семејството Тевчеви и на овој начин сака да се заблагодари за неговиот придонес.
 
 
14.04.2016 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега