СДСМ не сака да ја потпише иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување на аболицијата на Иванов

СДСМ преку соопштение ја оцени денешната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ како очајнички обид да избега од одговорност за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

Партијата бара ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер да го повикаат Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување. 

- Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки, се вели во соопштението и се додава дека не смее да има „недопирливи граѓани” и „обични граѓани од втор ред”.

Според СДСМ, Иванов мора да замине од функцијата затоа што со донесената одлука за помилување извршил државен удар.

 
 
15.04.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега