СПМ: Хулиганството бесот и омразата не се одлика на македонскиот народ

Социјалистичката партија на Македонија жестоко се спротивставува на начинот на кој група граѓани, организирана од страна на опозицијата и таканаречени невладини организации, протестира пред државните институции.

Хулиганството, бесот и омразата кои се исполуваат се непримерни за демократско општество и тие не се одлика на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

Особено сме згрозени од злоупотребата на младите луѓе од страна на опозицијата во дивеењето, уништувањето на државниот имот и од судирот со припадниците на македонската полиција, кои се заштитници на граѓаните и чувари на редот и мирот во државата, токму во овој момент кога спокојството и внатрешната стабилност ни се непоходни.

Социјалистичката партија на Македонија ја повторува поддршката кон претседателот на Република Македонија во донесувањето на неговата одлука за потпишување на општиот акт за амнестија, раководен од интересите на сите граѓани, како и од најдлабоките национални и државни интереси.

Поддршката ја даваме затоа што сметаме дека тоа претставува мудар чекор и дека нема подобра алтернатива за смирување на состојбата како вовед во одржувањето на фер, легитмни кредибилни и демократски парламентарни избори.

Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија од секоја национална и верска припадност или политичка определба, со историското помнење кое го имаат и со својата политичка зрезлост, со искажанатиот патриотизмот, обединети и сплотени, да ги спречат сите кои работат на штета на државата и да опстојат во одбраната и сочувувањето на Татковината.

Воедно, Социјалистичката партија на Македонија го поздравува потпишувањето на Решението за оджување на предвремените парламентарни избори на 5 Јуни од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, со што сите граѓани ќе можат непосредно да го остварат своето право на глас, да ја дадат доверба на оние во кои веруваат и кои ја заслужуваат, со што ќе се воспостави стабилноста, просперитетот и подобрата иднина за сите

(Интегрален текст од писмено соопштение на СПМ)

 
 
15.04.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега