ДУИ испрати писмо до Иванов: Повлечете ја аболицијата

ДУИ со писмо до Претседателот Иванов бара повлекување на одлуката за аболиција.

„Демократска Унија за Интеграција, како потписничка на Скопскиот Договор за излез од политичката криза ви се обраќа со барање  да ја разгледате уште еднаш вашата одлука за Аболиција од 13 Април 2016 година и да искажете јасна политичка определба за повлекување или поништување на истата. 

 
Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 Јуни 2015 како и Протоколот од 15 Јули 2015 и затоа бараме да ја разгледате истата и во најкус можен рок да донесете политичка одлука за надминување на ново настаната ситуација како и да се изнајде правен начин за да се реализира горенаведенето барање.
 
Демократската Унија за Интеграција останува посветена на целосната имплементација на Скопскиот Договор и реформската агенда.“ - стои во писмото на ДУИ

Претходно ВМРО-ДПМНЕ излезе со иницијатива сите 4 партии потписнички на Договорот од Пржино заеднички да побараат од Иванов да ја смени одлуката и да ја повлече аболицијата. СДСМ се изјасни против оваа иницијатива, а од ДПА се уште нема официјален став.

 
 
15.04.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега