Ахмети на средба со Заев ја потпишал иницијативата за импичмент на Иванов

Претседателите на ДУИ и на СДСM, Али Ахмети и Зоран Заев денеска имале средба на која разговарале за актуелната ситуација, објави Нова ТВ

Ставот на двете партии е дека одлуката за аболиција од претседателот Иванов треба да биде отповикана.

Во таа насока, лидерот на ДУИ Ахмети ја потпишал и иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функцкија.

Ахмети претходно објави дека денеска се сретнал со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија и дека интензивно работеле за решавање на ситуацијата во корист на граѓаните и да се ставело крај на оваа криза.

Заев пак по средбата со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп уште еднаш повтори дека нема да учествуваат, ниту пак ќе дозволат избори на 5 јуни, без прочистен Избирачки список и медиумски реформи. 

 
 
15.04.2016 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега