Заев му забрани на Спасовски да одговори на новинарско прашање

На денешната прес конференција која ја одржа Зоран Заев, а на која зад себе декоративно ги нареди Оливер Спасовски, Ременски и сите останати претседатели на комисии на СДСМ, Заев уште еднаш покажа со каков демократски капацитет располага тој и СДСМ, забранувајќи му на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да одговори на новинарско прашање.

Едно од прашањата беше адресирано директно до Спасовски, а се однесуваше на тоа дали тој има потполна контрола врз силите на МВР во очи на протестите кои СДСМ ги организира и кои редовно завршуваат со повредени полицајци и насилничко однесување од страна на хулиганите на СДСМ.
 
Заев одговори наместо Спасовски соопштувајќи дека на денешниот прес зад него не стоел техничкиот министер за внатрешни Спасовски, туку генералниот секретар на СДСМ Спасовски.
 
Јавноста многу добро знае и дека на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски воопшто не му претставува проблем да ја игра улогата на министер кога криминално потпишува решенија за вработување и унапредување на партиски кадри во министерството за внатрешни работи.
 
Самиот Спасовски немо го проследи одземеното право на одговор од страна на неговиот лидер, кој една минута пред ова соопшти дека токму неодвоеноста на партијата од државата е една од клучните причини поради кои СДСМ нема да се појави на избори.
 
 
15.04.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега