Ефтов: Ќе побараат ли Верушевски и Бобо Дајнерс укинување на аболициите кои се однесуваат на нив?

Новинарот Васко Ефтов дава свое гледиште на ситуацијата што се создаде по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција.

Во статусот објавен на Фејсбук најавува политичка анализа, за која поставува три гледишта. Ефтов поаѓа од фактите дека претседателот Иванов нема  да ја повлече одлуката за широка аболиција, дека поранешниот претседател на државата и поранешен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски веќе му испрати писмо на Иванов со кое бара да ја повлече одлуката за негово помилување, а истото денеска го стори и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова се фактите, а тезите Ефтов ги поставува на претпоставките дали Верушевски и Бобо Дајнерс ќе го сторат истото. Исто така, прашува како Заев ќе рече дека не го признава Иванов кога Црвенковски го признал со самото испраќање на барањето.

eftov-fb

 
 
15.04.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега