Викендот само што почна а трагедиите се нижат: Крв и смрт во Македонија

Викендот штотуку почна а се нижат трагедии.

Трагедија викендов го потресе СКопје. Вчера во 18 часот 70-годишната С.К. пријавила дека на булеварот „Партизански Одреди“ во нејзиниот дом го пронашла починат синот. Според податоците од полицијата, се работи за 44-годишниот Александар К.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција која ќе покаже во какви околности настапила смртта.

Утрово во 05 часот и 50 минути во Полициската станица Битола, 55-годишниот Б.М. од Битола пријавил дека го претепал неговиот татко. За жал, од ударите 82-годишниот Трајко М. го загубил животот.

 Од страна на увидна екипа од СВР-Битола се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 
 
16.04.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега