Се самозапали маж од скопско Волково

Околу 14 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден, страшен настан ја потресе Македонија. Во полициската станица „Чаир“, од екипа на Итната помош било пријавено дека во селото Волково 54-годишниот Ж.У. од Скопје со поливање на непозната течност се самозапалил.

Според податоците од полицијата, истиот се здобил со изгореници во пределот на главата и телото по што бил префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Скопјанецот е задржан за лекување.

 
 
17.04.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега