ВМРО-ДПМНЕ: Заев да побара да се поништи и аболицијата за „Глобал“ и да ги врати украдените 8 милиони евра

„Аболицијата дадена од претседателот Црвенковски нема да ја коментирам во јавноста. Tоа е негово уставно и законско право“ рече помилуваниот криминалец Зоран Заев со солзи радосници во 2008 година кога благодарение на Црвенковски си ја спаси кожата, се вели во соопштението од владејчката ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалецот Зоран Заев тогаш не побара повлекување на аболицијата и не ги врати украдените 8 милиони евра. Помили му беа парите отколку да ги организира дивите орди на СДСМ да удрат по државата и институциите.

Криминалецот Зоран Заев мора да побара писмено укинување и на срамната аболиција со која избега од одговорност во случајот „Глобал“, да ги врати 8-те милиони евра и да се соочи со заслужената казна.

Криминалецот Зоран Заев и бандата околу него се прочитана книга од граѓаните. Граѓаните не сакаат деструкција и не сакаат да бидат жртва на налудничавите идеи на Заев. Граѓаните знаат дека не се работи ниту за демократија, ниту за слобода, туку се работи за обид да се спаси кожата на криминалецот Зоран Заев и неговите бандити.

Затоа Зоран Заев сака да продолжи кризата и да нема избори. Зоран Заев и неговата деструктивна политика може да егзистираат само во услови на криза.

На 5-ти јуни ќе му дојде крајот на сето ова.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 
 
17.04.2016 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега