Науновски: Крајна цел се масовни судири за да станеме протекторат на крвниците на Македонија

Не може да се предвиди како ќе заврши оваа вештачки креирана криза. Сето ова започна со нелегален акт на СДСМ со прислушкување на нелегални разговори. Како минуваат деновите така Македонија се одалечува надвор од рационалноста. Се замешаа премногу фактори, истакна политичкиот аналитичар и универзитетски професор Тони Науновски во дебата на ТВ Нова.

-Денес Република Македонија да се доведе до ситуација да не се почитува устав, да се воведат анти-историски решенија со договор како Пржинскиот што ја спржи Македонија е страшно. Генезата на она што се случува е долга и комплексна. Затоа што она што се случува кога Македонци нападнаа Македонци е вовед на најстрашното сценарио за кое многумина предупредуваа.

Крајна цел, вели Науновски, се големи масовни судири, да се испотепаме меѓу себе за потоа да станеме некој протекторат на крвниците на Македонија.

-Лут сум им на оние кои ја направија кризата, но и на институциите на државата. Институциите требаше да ги запленат тие прислушкувани материјали, а не да се измислуваат институции како СЈО – нешто што нема никаде во светот.

 

 
 
18.04.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега