Кордалов: Политичарите погрешно дејствуваат со кампањите на социјалните мрежи

Политичарите кај нас на погрешен начин му пристапуваат на интернет просторот, односно на социјалните мрежи, смета експертот за социјалните мрежи Бојан Кордалов.

-Политичарите тропаат на врата кај една поинаква публика на социјалните мрежи. Не треба таму да се пласираат дневни настани и тековни посети. Стратегијата им е погрешна, бидејќи тој простор не е телевизија, туку си бара поинаков и поинтересен начин на пристапување и рекламирање, вели Кордалов.

Тој смета дека социјалните мрежи станале параван за проширување на информации, што, според Кордолов, е негативно.

-Се што не може јавно да се каже, се споделува на социјалните мрежи, па медиумите се повикуваат на истата и велат „објавено на социјалните мрежи“. Обично ако луѓето немаат храброст да го кажат го објавуваат на интернет, поточно на социјалните мрежи, вели Кордоло

 
 
20.04.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега