Незаконски делел парцели - кумановчанец направил голем криминал
Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против И.А. (54) од село Опае, поранешен референт во Агенцијата за катастар за недвижности, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
како што информираат од полицијата, пријавениот во периодот од 15.06.2010 до 05.03.2012 година, во пет наврати, ја злоупотребил службената положба. На пет лица од Куманово им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист, на незаконски начин. Тој во Агенцијата за катастар оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за шест катастарски парцели од катастарска општина Длабочица со вкупна површина од 55.259 метри квадратни, кои биле со неутврдено право на сопственост.
Потоа истите без никаков правен основ ги впишал како сопственост на наведените лица, по што заверувајќи ги со свој потпис и печат ги внел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар, и за истите катастарски парцели издал имотни листови на име на лицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа