Куќен притвор за двајцата осомничени за протестите на СДСМ и СОРОС

Куќен притвор во траење од осум дена им е определен на Здравко Савески и Владимир Куновски од „Левица“ кои денеска по сослушување во полициска станица со кривична пријава беа предадени на Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што потврдуваат од Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка во текот на денешниот ден биле спроведени Савески и Куновски со предлог од Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик.

„По разгледување и ценење на предлогот, како и сослушување на лицата во врска со предлогот на обвинителството во присуство на нивен бранител, судија на претходна постапка донесе одлука со која на Савески и Куновски им определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена како и мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа“, велат од Кривичниот суд.

Според Министерството за внатрешни работи двајцата осомничени учествувале во протестите на 14 април при што било утврдено дека Савески кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлал со предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски кривичното дело го извршил на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

 
 
25.04.2016 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега