Хаос во Скопје: Повредени 14 лица - едно потешко

 

Вкупно 15 сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје, во кои се повредени 14 лица. Едно од лицата се стекнало со тешки телесни повреди, а во седум е констатирана материјална штета.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Четворица возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и четворица возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила. 

 
 
27.04.2016 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега