Голема крвава пресметка во Куманово - едно лице тешко повредено

Вчера околу 13:00 часот во Куманово, пред кафе бар на улица „11-ти Ноември“ настанала физичка пресметка помеѓу лицата С.А. (22) и Љ.Ш. (20), двајцата од село Оризари и петнаесетгодишник од село Слупчане, од една страна и неколку непознати лица од село Слупчане, од друга страна.

Во физичката пресметка едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт.

Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
27.04.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега