Попладнево застрелан висок функционер на СДСМ

Денеска попладне со куршум во ногата е застрелан Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник, јави 24 вести. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар. Куршумот завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. СВР Битола поведе истрага за настанот. Нема повеќе информации за околностите во кои се случил настанот.

 
 
27.04.2016 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега