Возач тешко повреден на скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди. Во една со тешка телесна повреда се здобил возач, во седум полесно се повредени осум лица, а осум од несреќите поминале само со материјална штета.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Двајца возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, еден возач поминал на црвено светло на семафор, а шест возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, изречени се 14 мерки против погрешно паркирани возила и девет лица го управувале возилото без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 42 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Мирче Ацев“, општина Ѓорче Петров. 

 
 
28.04.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега