Дали Коста Крпач се самоубил бидејќи бил жртва на тортура?

Дали Коста Крпач бил жртва на тортура од страна на Катица Јанева и нејзините обвинители од Специјалното јавно обвинителство. Ова е прашање кое  се поставува откако 40-годишниот Крпач, инаку еден од аболицираните од претседателот Ѓорге Иванов реши да си го одземе животот. Надлежен јавен обвинител вчера излегол на лице место за да ги утврди околностите  во кои настапила смртта која го потресе Скопје вчера попладне. Таткото на детенце беше пронајден мртов во својот стан во Капиштец. 

По разговорот со неговата сопруга и со блиските во јавноста се шират гласини дека неговото однесување целосно се сменило откако почнале јавувањата и заканите од страна на истражители на Специјалното јавно обвинителство. Порталот „Инфомакс“ пишува дека Крпач извршил самоубиство како последица на трауми и малтретирања од постапка која ја води СЈО – Специјалното јавно обвинителство за него, под кодно име ФИНЗИ.

-Кризата во која влегол била поради постојаните напади од страна на СЈО, кои речиси секојдневно го малтретирале и повикувале на информативни разговори на кои го уценувале да даде лажна изјава, во спротивно нешто многу лошо ќе му се случело. Ова не било крајот, имено Оливер Спасовски и СЈО постојано му испраќале полиција во неговиот дом, која упаѓала вооружена до заби, и го малтретирала пред неговата сопруга и дете во доцните ноќни часови. Според кажувањата на најблиските тој постојано бил следен од непознати лица, а била следена и неговата комуникација, пишува Инфомакс и додава дека поради психолошката тортура која СЈО и Спасовски постојано ја вршеле врз Коста Крпач, сега починатиот неколку пати посетил психијатар.

Оливер Андонов, доктор по мир и развој, во моментов наставник со звање доцент на Универзитетот МИТ на Факултетот за безбедност и финансиска контрола, пред само неколку дена пишуваше за методите и начините ан фунционирање на СЈО.

-Отворено и директно заплашување на секој сведок кој го канат на разговор. ,,знаеме се, од тебе зависи дали ќе останеш само сведок (заштитен сведок) или обвинет. Имаш фамилија, деца…, размисли…, те чека затвор преку 5 години ако не соработуваш,, се најчестите реченици како вовед во „испрашувањето“, кое многу потсеќа на некои други времиња и служби. Впрочем недостасува уште електрична ламба за вперување во лицето на лицето кое се испрашува. Притоа често ја користат истата финта кај сите, кажувајки им дека другите сведоци веќе тајно се согласиле за соработка, дале добра изјава, потпишале и тие ќе се извлечат, а тој/таа ќе заглави, пишува Андонов и додава дека постојат притисоци кон сите соработници на таргетот, партнери или на било кој начин лица кои биле околу него, да го потврдат она кое тие го наумиле. 

-Најчесто оставаат неколку дена до следното повикување на сослушување и уште посилната и подиректна закана. Сето ова, за луѓе кои во минатото немале работа со обвинители, полиција, судии и слично е крајно шокантно, и истите стануваат крајно вознемирени, преплашени, дезориентирани. И покрај тоа, најголем дел успеваат да го издржат притисокот, а поретко поткленуваат, неможејќи да го издржат психолошкиот притисок или физички-здравствено паѓајќи принудно стануваат соработници преку невистинито сведочење, само од страв тие да не станат жртвата и обидувајќи се да си ги „скратат“ психолошките тортури во надеж дека ќе бидат оставени „нормално“ да живеат, пишува Андонов.

Се чека одговор од СЈО дали Крпач бил жртва на тортура и дали ќе биде побарана и кривична одговорност.

 
 
28.04.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега