Скопјанец за празниците го снајде тешка судбина

Непознат сторилтел синоќа околу 20:00 часот извршил тешка кражба во куќа на улица „Тодор Чангов“ во Скопје одземајќи пари, накит и пиштол.

Како што соопшти МВР, со употреба на погоден предмет сторителотнасилно ја отворил влезната врата од куќата сопственост на И.М.(36) и при што одзел 4000 евра, неколку златни нараквици, златни прстени, еден пиштол „Застава ТТ“ кал. 7,62мм, а потоа го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

 
 
29.04.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега