Страшна несреќа за велигденските празници: Повредени три лица кај Росоман

Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус. Несреќата се случила синоќа во 21 часот и 15 минути на магистралниот пат Градско -Прилеп, во близина на  Росоман. Во сообраќајната  несреќа учествувале  автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено “со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил кој бил  пренесен во Клиничкиот  центар во Скопје, како и двајца неговите  сопатници  на возраст од 32 и 15 години,  на кои им била укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила  увидна екипа од Секторот за внатешни работи Велес.

 
 
03.05.2016 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега