Хан: Финалната битка е да има избори

Договорот од Пржино се уште има иднина и покрај протестите. Еврокомесарот Јоханес Хан во изјава за Радио Слободна Европа вели дека финалната битка е да има избори

„Направивме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори. Но, јас мислам дека она што е важно е да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов“, рече Хан.

Тој додава дека е важно Македонија да ја зачува евроатланската перспектива и дека изгледа дека во моментов изгледа дека политичките партии се подготвени сами да постигнат договор, а ЕУ е подготвена да го олесни тоа.

 
 
04.05.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега