ДУИ: Ако нема избори на 5 јуни ја враќаме Владата со ВМРО-ДПМНЕ

Доколку нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за ДУИ најреална опција е враќање на Владата на Груевски и Ахмети и одржување на редовни избори во 2018 година.
Партиски извори од Мала Речица за Дневник велат дека ако не се одржат изборите на 5 јуни, тогаш тоа би значело дефинитивно поништување на Договорот од Пржино.
Во таква ситуација истите извори велат дека во ДУИ се подготвени да се вратат во владата на ВМРО-ДПМНЕ со услов да се спаси Специјалното јавно обвинителство и Државната изборна комисија.
Од ДУИ како што јавува Дневник, најавуваат во текот на оваа недела да излезат со конечен став за нивното учество на изборите.
Согласно Роковникот на ДИК, партиите во текот на утрешниот ден ќе треба да ги пријават своите членови на избирачките одбори. Тоа е првиот чекор кој на некој начин ќе даде каков таков одговор на прашањето, дали партијата ќе учествува на изборите. Последниот ќе биде поднесувањето на кандидатските листи кое според роковникот треба да биде најдоцна до 11 мај.

 
 
04.05.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега