ВМРО-ДПМНЕ: Наумов и СДСМ повторна ја манипулираат јавноста

Дополнителниот заменски министер за финансии Кире Наумов повторно лаже, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на владејачката партија:

          Наумов и СДСМ бесрамно се обидуваат да ја манипулираат јавноста изнесувајќи невистинити факти за зголемување на каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност.

          Целта повторно е да ги лажат граѓаните и да создадат незадоволство и паника.

          Каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност со девизна клаузула е намалена во проспектот кој денеска е објавен. Така ако на последната аукција на која беа издадени тримесечни ДХВ со девизна клаузула во март 2013 каматната стапка беше 3,60 проценти, сега е 1,50 проценти.

          Според ова сосема е јасно кој сака да долева масло во зејтинот и кој сака да создаде вештачка криза.

          Кире Наумов и СДСМ постојано се обидуваат да создадат паника, но во тоа нема да успеат.

          Македонија во моментов е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа, а вчера излезе и пролетната прогноза на ЕК според која Македонија во 2016 и 2017 ќе забележи економски раст од 3,5 проценти и заедно со Ирска, Романија, Малта и со Полска, ќе го има најдобриот резултат во ЕУ, каде просекот е поставен на 1,8 проценти.

          Но, ова нема да го слушнете од СДСМ. Тие само се способни да создадат криза со која ја уназадуваат Македонија.

 

          Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи за за тоа да не се случи.

 
 
04.05.2016 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега