ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози за членови на избирачки одбори

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе листите на членови на избирачките одбори до Државната изборна комисија. Информацијата и официјално за Press24 Ја потврдија од владејачката партија.
Рокот за поднесување на листи истекува ноќеска на полноќ.
Според неофицијалните информации, во текот на денот своите листи треба да ги поднесе и ДУИ.
Нема информации дали ДПА воопшто планира да поднесе листи со членови на избирачките одбори.
Ставот на СДСМ е дека ќе ги бојкотира изборите и партијата не се очекува да поднесе вакви листи.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе ги поднесоа листите со членови на избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва за гласањето на дијаспората.
Партиите кои ќе поднесат листи со свои членови во избирачките одбори се очекува да учествуваат на изборите.
Следниот клучен рок на ДИК од кој зависат изборите е оној за поднесување на кандидатските листи за пратеници. Согласно роковникот тој истекува на 11 мај.

 
 
05.05.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега