Карл фон Хабсбург: Иванов направи вистински чекор во интерес на својата земја

Претседателот Иванов го направи овој чекор во интерес на својата земја и во согласнот со владеењето на правото. Апсолутно го поддржувам во чекорите што ги превзеде, вели во емисијата „Гласот на народот“, Карл фон Хабсбург, првиот човек на династијата Хабсбург, актуелен претседател на Пан-европската Унија на Австрија и поранешен европратеник од редовите на Народната партија на Австрија.

– Каков е законскиот, политичкиот ефект е нешто што не можам да го судам, меѓутоа со текот на времето ќе видиме што ќе се случи, дали тој постапил исправно или не, вели Фон Хабсбург.

Тој повторува дека Иванов направил вистински чекор во интерес на својата земја, а какви ќе бидат правните и политчки ефекти е нешто што ќе го видиме во иднина.

-Претседателот сум го сретнал во многу пригоди и знам дека е многу чесен, дека работи во интерес на својата земја и апсолутно сум сигурен дека ваквата одлука не ја донесол лесно. По долго размислување за поледиците ја донесол ваквата одлука и сугурен сум дека одмерил кои се позитивните, а кои се негативните последици и апсолутно сум сигурен дека според него ја донел најдобрата одлука, вели Фон Хабсбург.

 
 
07.05.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега