Во среда ќе се знае дали ќе има избори - од партиите веќе ништо не зависи

Во среда истекува и последниот рок кога по кој ќе се знае, дали и кој ќе учествува на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. До тогаш партиите треба да ги достават листите со кандидати за пратеници во 6те изборни единици во Македонија и трите во дијаспората.
Партиите кои ќе поднесат кандидатури се очекува да учествуваат на изборите.
До сега, само ВМРО-ДПМНЕ има официјален став дека ќе учествува на изборите на 5 јуни.
Ставот на СДСМ е дека на овој датум нема услови за избори и тие најавија дека нема да поднесат кандидатски листи.
Во ДУИ владее молк за тоа дали ќе учествуваат на изборите. Нивниот партиски лидер до пред неколку недели имаше цврст став дека ќе учествува на изборите, но само неколку средби со странските амбасадори беа доволни, Ахмети да го смени ставот и неговата партија да не предложи ниту кандидати за членови на избирачките одбори.
Од ДУИ велат дека ќе ја почитуваат секоја одлука која што ќе биде донесена со консензус, но со оглед на позициите на партиите, речи си извесно е дека консензус не може да се постигне.
Оттука, експертите очекуваат, ДУИ да се води според она што ќе го добие како насока од меѓународниот фактор, односно ставот на меѓународната заедница да биде став на ДУИ.
Во ДПА владее молк, но експертите не очекуваат ништо поразлично однесување од она на ДУИ, односно почитување на ставот на меѓународниот фактор.
Во таква ситуација, според експертите станува извесно дека одлуката за тоа дали ќе се одржат избори во Македонија не зависи од политичките партии во Македонија туку од странските амбасадори кои преку одредени политички лидери, носат политички одлуки во Македонија заобиколувајќи ја волјата на граѓаните.

 
 
09.05.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега