Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинуваат бензините
Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа